Увозот на тутунски производи од јануари до март оваа година во Црна Гора е намален за 59 отсто во однос на истиот период минатата година.
Според црногорскиот Завод за статистика - Монстат, увозот на тутунски производи во овој период во 2017 година изнесувал 3,18 милиони евра, а сега е 1,3 милиони.
Овие износи се однесуваат на производната цена на една кутија цигари, што вообичаено чини околу 30-40 центи. Акцизите и ДДВ-то подоцна го зголемуваат овој износ за седум пати.