Постигнувањето договор за решавање на спорот за името e тешко остварливо од страна на Атина и Скопје, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Додека главните прашања остануваат нерешени, посредникот на Обединетите nации, Метју Нимиц, ја истакна потребата за интензивни преговори во следните неколку недели помеѓу Грција и Македонија за најпосле да биде решен спорот за името, кој фрла сенка во односите помеѓу двете земји повеќе од 25 години, пишува весникот.

„Двете страни се несигурни во однос на барањето на Грција Скопје да се одлучи за име кое ќе се користи и за внатрешна и за надворешна употреба, како и одбивањето на Македонија да го промени уставот“, коментира „Катимерини“.

Двајцата допломати ќе се сретнат уште двапати во следните 20 дена. Следната средба ќе биде во Солун на 3-4 мај во рамки на самитот помеѓу Грција, Албанија, Македонија и Бугарија, а на 11-12 мај Коѕијас и Димитров ќе се сретнат на Самитот на балканските држави.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 17:59