Грчки Хеленик Петролеум најави дека во 2018 година ќе инвестира меѓу 8 и 9 милиони евра во Бугарија, вклучително во две бензински пумпи во Софија, јави новинската агенција БТА.
Хеленик Петролеум, преку својата подружница ЕКО Бугарија, држи 90-ина пумпи низ Бугарија. Дел од инвестициите ќе бидат насочени кон визуелно унифицирање на пумпите на ЕКО.