Европската инвестициска банка одобри два кредита во вкупна вредност од 150 милиони евра за изградба на трансевропски автопат низ Босна и Херцеговина.

- Кредитите, одобрени од институцијата за време на официјалната посета на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на БиХ, ќе бидат искористени за финансирање два дела на трансевропската мрежа „Коридор 5ц“, која ја поврзува Будимпешта и источна Хрватска со јадранскиот брег преку БиХ, се наведува во соопштението на ЕИБ.

Кредитите се дел од Иницијативата за економска отпорност на ЕИБ, која има за цел да ги подобри животните услови и да ги стабилизира економиите кои се погодени од конфликт или миграција, а ќе помогнат и во консолидирање на основите на економијата и олеснување на процесот на пристапување во Европската унија.

Автопатот „Коридор 5ц“ ја проширува мрежата на ТЕН-Т, која се протега по должината на соседните европски земји, а се очекува со проектот да се олесни трговијата, да се овозможи развој на туризмот, промоција на регионалниот и националниот економски раст и, во крајна линија, да придонесе за економска и социјална кохезија во регионот.

Проектот ќе го намали времето за патување и метежот во сообраќајот, а ќе ја зголеми и безбедноста на патиштата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 19:00