Албанија и Грција повторно покренуваат преговори за поморската граница во Јонското Море.

Првиот круг од преговорите одржани во Тирана бил во „конструктивна и кооперативна атмосфера“, соопшти албанското Министерство за надворешни работи.

Преговорите се потребни бидејќи албанскиот Уставен суд поништи договор од 2009 година потпишан од конзервативната влада на Демократската партија. Социјалистите кои тогаш беа во опозиција во Албанија, го оспорија тој договор на суд тврдејќи дека ќе ја чини државата 225 кв/км територијални води.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 15:07