Мислам дека начинот на кој владата, премиерот и министерот за надворешни работи го водат прашањето на секаков начин го гарантира интересот на земјата, смета министерот за поморство на Грција, Панајотис Курублис.

Говорејќи за грчката телевизија Скај, на прашањето дали се согласува со терминот Македонија во името на нашата земја, Курублис вели дека станува збор за сложено име.

- Мислам дека не се дава името Македонија, туку е сложено име и морам да ви кажам дека за првпат во преговорите влегуваат и прашањата за иредентизмот, вели грчкиот министер.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Курублис смета дека Грција треба да ги затвори прашањата со Македонија и Албанија, а штом се затворат „Грција ќе биде регионална сила на Балканот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 10:23