По консултациите меѓу претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и шефицата на дипломатијата Марија Пејчиновиќ Буриќ одлучено е Загреб да не ги заострува дополнително односите со Белград, откако министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ е прогласен за персона нон грата во Србија.

Според неименувани извори од Владата на Хрватска, на состанокот е одлучено и да не се повлекува хрватскиот амбасадор од Белград.

Владата на Србија на минатонеделната седница одлучи хрватскиот министер за одбрана Крстичевиќ дека не е добродојден во Србија. Тоа беше контрамерка откако хрватското Министерството за надворешни и европски работи забрани влез во Хрватска за српскиот министер за одбрана Александар Вулин.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 13:45