Нема да запреме додека не создадеме сосема слободна и безбедна средина за новинарите, изјави косовскиот премиер Рамуш Харадинај по повод одбележувањето на Светскиот ден на слободата на медиумите.
- Според меѓународните извештаи, Косово постигна значителен напредок во однос на слободата на медиумите, но ние нема да запреме додека не создадеме сосема слободна и безбедна средина за новинарите, напиша Харадинај на Фејсбук.
Извештајот на Фридом хаус оценува дека Косово е во средината на делумно слободни земји. Но, Харадинај смета дека слободата не може да биде делумна, па ги покани косовските новинари да работат во тесно партнерство, за да ја сменат оваа ситуација.
- Слободата на изразување и на медиумите се основи на демократијата, па затоа не се преговара, туку мора да одат заедно интегрирани со одговорноста, оцени Харадинај.
Денешниот ден косовските новинари ќе го одбелжеат со протест. Само лани 27 новинари во Косово биле нападнати на различни начини.