Бугарија доби исклучително висока оценка за потпишување на Договорот за пријателство со Република Македонија, кој е пример за сите држави од регионот, се посочува во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи по денешната средба на министерката Екатерина Захариева со заменик-генералната секретарка на НАТО Роуз Готемолер.

Готемолер и Захариева разговарале за политиката на отворени врати на НАТО и за евро-атланската перспектива на земјите од Западен Балкан, соопшти бугарското МНР.

Захариева, според соопштението, и порачала на Готемолер дека Бугарија не ја сменила својата поддршка за НАТО. Таа ова го илустрирала со зголемувањето на платите на бугарските војници за 100 милиони лева, со што државата ги зголемила своите расходи за одбрана за два проценти од бруто домашниот производ, согласно барањата на НАТО. Готемолер рекла дека НАТО ја цени оваа поддршка.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2018 19:38