Шест лица биле полесно повредени во денешната поплава во турскиот главен град Анкара. Силните дождови ги претворија улиците во населбата Мамак во вистински реки кои пред себе носеле луѓе и возила.

Десетици куќи и канцеларии се поплавени. Граѓаните во овој дел на градот се спасувале така што се качувале на повисоките катови на зградите, пишува весникот Сабах.

Градоначалникот Мустафа Туна рече дека шест лица се лесно повредени, а немало потешки повреди.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 01:36