Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска замина на дводневна посета на Турција, каде ќе се сретне со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
За време на посетата ќе се одржи и првиот состанок на високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција, јави Танјуг. Вучиќ најави дека фокусот на посетата ќе биде на засилуање на трговската соработка меѓу Србија и Турција, а Турција најавила учество во големи инфраструктурни проекти, како што е изградбата на автопатот меѓу Сараево и Белград.
По посетата на Турција, Вучиќ ќе биде гостин на рускиот претседател Владимир Путин на 9 мајската парада на победата над фашизмот која се одржува во Москва.