Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон обезбеди пол-позиција пред утрешната трка за Големата награда на Шпанија.

Хамилтон на патеката во Барселона извозе со најбрзиот круг од 1:16.173 минути и дојде до 74 пол-позиција во кариерата. Втор беше неговиот клупски колега Валтери Ботас, кој ќе стартува веднаш до него.

Од вториот стартен ред трката ќе ја започнат возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, додека третиот ред им припадна на возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо.

Трката за Големата награда на Шпанија се вози утре од 15 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2018 01:07