Чешката тенисерка Петра Квитова ја освои титулата на Mастерсот во Мадрид, откако во финалето ја совлада Холанѓанката Кики Бертенс со 2:1 во сетови (7:6, 4:6, 6:3).

Финалниот натпревар траеше речиси три часа и изобилуваше со грешки на двете страни.

Првиот сет го освои Квитова во тај-брејк, но Бертенс возврати со 4:6 во вториот. Одлучувачкиот трет сет и припадна на чешката тенисерка со 6:3 за конечна победа.

За Квитова ова е трет трофеј во Мадрид и со победата ќе напредува до осмото место на ВТА листата.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2018 21:03