Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трка за Големата награда на Шпанија.

Актуелниот шампион на патеката „Каталуња“ ја оствари втората победа во низа сезонава или вкупно 64 во неговата кариера.

Британецот доминираше во текот на целата трка и заслужено дојде до триумфот пред тимскиот колега Валтери Ботас и Макс Ферстапен од Ред Бул.

Неговиот најголем ривал Себастијан Фетел од Ферари заврши на четвртото место.

Стартот на трката го одбележа инцидентот со возачот на Хас, Роман Грожан, кој загуби контролата над својот болид во една кривина и излета, при што настрадаа и болидите на Пјер Гасли (Торо росо) и Нико Хилкенберг (Рено).

Кими Раиконен од Ферари не ја заврши трката поради механички проблем со болидот.

По оваа победа Хамилтон ја зголеми предноста во генералниот пласман и сега има 95 бодови, односно 17 повеќе од Фетел, кој е втор со 78 бодови.

Кај конструкторите, Мерцедес е прв со 153 бодови, пред Ферари со 126.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2018 23:35