Швајцарецот Роџер Федерер се врати на врвот на АТП листата и покрај подолгото отсуство од тениските терени. Маестро профитираше од елиминацијата на Рафаел Надал во четврт-финалето на „Мастерс“ турнирот во Мадрид, а тој повторно е најдобро рангиран тенисер во светот. Уште еден момент го одбележа денешното објавување на новиот рејтинг на најдобрите тенисери во светот, а тоа е падот на Србинот Новак Ѓоковиќ, кој го запиша најлошиот пласман на листата на АТП во изминатите 11 години. Најдобриот српски тенисер падна од 12-тата до 18-тата позиција поради елиминацијата во вториот круг на Мастерсот во Мадрид. ATП Toп 10: 1. (2) Роџер Федерер (Швајцарија) 8.670 2. (1) Рафаел Надал (Шпанија) 7.950 3. (3) Александар Зверев (Германија) 6.015 4. (4) Григор Димитров (Бугарија) 4.870 5. (5) Марин Чилиќ (Хрватска) 4.770 6. (6) Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 4.540 7. (8) Кевин Андерсон (Јужна Африка) 3.660 8. (7) Доминик Тим (Австрија) 3.545 9. (9) Џон Иснер (САД) 3.305 10. (10) Давид Гофан (Белгија) 2.930.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2018 09:27