Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Јапонецот Кеи Нишикори со 2:1 во сетови во четвртфиналето на Мастерсот во Рим.

Српскиот тенисер лошо го почна натпреварот и првиот сет му припадна на Нишикори.

Потоа Ѓоковиќ се врати во ритам и ги освои двата сета совладувајќи го јапонскиот тенисер.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој претходно го елиминираше италијанскиот тенисер Фабио Фоњини.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 20:41