Разузнавачките агенции добиле дојава дека врз турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој денеска ќе допатува во посета на БиХ, би можел да биде извршен атентат, јави Фена повикувајќи се на агенцијата Анадолија.
Според достапните информации, во дојавата се наведува дека врз Ердоган за време на посетата на балканските земји, би можело да биде извршен атентат.
На турските разузнавачки агенции им е дојавено дека лица со турско потекло подготвуваат атентат врз Ердоган за време на неговата посета на Балканот во наредниот период.
Врз основа на дојави од различни извори, безбедносните сили покренале истрага. Во моменотв во тек се детални разузнавачки активности, и засега нема конкретни информации за денот, локацијата и за начинот на кој би бил извршен можниот атентат.
- Дојавата дошла од група турски државјани кои живеат во главниот град на Македонија, Скопје, јави агенцијата Фена