Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека нема проблеми со посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Сараево, но дека тој не треба да се меша во внатрешните работи на Босна и Херцеговина.
- Ердоган е голем државник на една голема земја, и сè е во ред до тој момент додека не почувствуваме дека претставниците на таа земја се обидуваат на некој начин да се вклучат во внатрешните односи на БиХ. Тоа е местото каде треба да се прекине и да се каже дека е неприфатливо, рече Додик.
Тој додаде дека допрва ќе се види какви последици ќе има посетата на турскиот претседател на БиХ.