Какви било шпекулации за наметнување раскол за Бугарската православна црква не одговараат на реалноста, бидејќи Комисија на Светиот Синод на таа црква задолжена за македонското барање не извршила противоканонски активности од кои би произлегла таква казна.
Ова се наведува во соопштение на Комисијата на БПЦ за обнова на канонскиот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Според Комисијата, чиј претседател е митрополитот Кипријан, бугарските митрополити имаат право на свои лични ставови и мислења, но за прашања поврзани со дијалогот за воспоставување канонски статус на Македонската православна црква-ОА и поврзаните одлуки на Комисијата, изјави има право да дава само и единствено претседателот на Синодалната комисија.
Во соопштенито се додава дека Светиот синод на БПЦ досега не направил никакви дејствија спротивни на каноните на Светото православие.
- Затоа се неумесни какви било изјави дека БПЦ извршила активности заради кои произлегуваат канонски последици, се вели во соопштение, јави БТА.
Една од задачите на Синодалната комисија е токму тоа - да се води дијалог и консултација со помесните Православни цркви, во потрага по начини и средства за постигнување на посакуваниот резултат без да се нарушат каноните на Светото Православие.