Вкупно седум земјотреси со послаб интензитет се регистрирани денеска во период од неколку минути во реонот на Спорадските Острови и Крит во јужниот дел на Егејското Море.

Според Атинскиот сеизмички инстиут, првиот и најсилен потрес, со интензите од 3.8 степени според Рихтеровата скала, бил регистриран во близнината на островот Крит.

По ова, следела серија од пет земјотерси во реонот на Спорадските острови, со јачина од меѓу 1,9 и 2,7 степени според Рихтер, додека последниот, седми, потрес со интензите од 3,7 степени, повторно бил регистриран во близината на Крит.

Нема инфромации за жртви или предизвикани материјални штети.

Весникот „Вима“ објави дека грчките сеизмолизи внимателно ја следат состојбата во регионот на денешните земјотреси.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2018 13:27