Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер имаше само позитивни зборови за Кливленд по победата на „воините“ во првиот натпревар од финалето на НБА. Шампионот се справи со добро познатиот ривал по продолжение, освојувајќи го натпреварот бр.1 со 124:114. Поранешниот бек на Чикаго Булс посвети особено внимание на Леброн Џејмс, а неговите зборови добиваат уште поголема тежина, земајќи предвид дека тој беше соиграч на Мајкл Џордан. - Нема да биде лесно. Играме против тим кој игра четврто финале по ред, исто како нас. И тоа не е случајно. Имаат играч кој игра кошарка на ниво, кое не верувам дека некој некогаш го видел досега. Особено ако се земе предвид сè што прави. А, освен тоа е опкружен со добри соиграчи, тешки се за чување и нѐ ставаат под притисок. Ќе биде тешка серија, рече Кер по првата победа на својот тим во годинашната финална серија. Вориорс и Кавалирс спорат за титулата четврта година по ред, што е рекорд во американските професионални спортови.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 13:20