Жителите на Општина Охрид се жалат дека детските игралишта во градот се во многу лоша состојба.
Покрај оштетените реквизити, насекаде се забалежува и отпад, како и неискосена трева, што наместа достигнува и до еден и пол метар.
Туристите забележуваат дека можеби и самите жители се виновни за состојбата на реквизитите, како и за расфрланиот отпад.
Директорката на ЈП „Градски пазар“ - Охрид, посочува дека во скоро време ќе биде извршена репарација на сите детски игралишта.
Кристина Крлеска Деспотоска изјави за МИА, дека во скоро време во Охрид ќе биде изграден нов рекретивно-забавен парк за деца. Таа истакна дека на игралиштето ќе бидат поставени и реквизити наменети за деца со посебни потреби, со цел и тие да имаат место каде да се забавуваат.
Симона Митровска