Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патните правци надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ.
Поради влажноста на коловозите се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.