Општина Струга ги презема сите мерки за обезбедување на депонијата од спалување, што беше голем проблем минатата година.
На терен излезе и градоначалникот Рамиз Мерко, кој посочи дека вложуваат максимални напори да не се повтори проблемот и да влијае на туристичката сезона.
- Преземаме мерки за да сме сигурни дека депонијата е безбедна и оваа туристичка сезона да се пречека поинаку од изминатите четири години, изјави Мерко.
Тој најави дека наскоро ќе биде ставен во употреба и пункт за собирање и обработка на ѓубрето.
Стружани и гостите изминатата година беа сведоци на густ чад и непријатна миризба што се ширеше низ градот од запалената депонија во екот на туристичката сезона.