Со цел зајакнување на партнерскиот однос со граѓаните, излегување во пресрет на нивните потреби од безбедносен карактер, навремено решавање на безбедносните предизвици и задржување на поволна безбедносна состојби посебно во екот на туристичката сезона, СВР - Охрид отвори полициска канцеларија во населбата Пештани.
Полициската канцеларија се наоѓа во просториите на поранешната полициска станица веднаш до регионалниот пат кон „Св.Наум“ и е видливо означена, а ќе биде отворена секој ден во времето од 11 до 19 часот.
Во посочениот временски интервал граѓаните од Пештани и околните населени места како и туристите, ќе можат да остварат директен контакт со полициските службеници, да пријават одредени настани и ги остварат своите права и да добијат навремена и точна информација.
Во текот на работното време на канцеларијата полициски службеници ќе работаат и ќе преземаат мерки по соодветно изготвен план за покривање на целото подрачје додека во останатиот период од деноноќието севкупните безбедносни мерки ќе се реализираат од останатите служби на СВР Охрид.