Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во првите шест месеци од 2018 година решени се 740 проблеми од вкупно 822 пријави. Останатите 82 пријави се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во првата половина од оваа година се од областа на уличното осветлување-534, од областа на собирање смет-94, водовод и канализација-90, паркови и зеленило-84, општински инспекциски служби-10, улици, патишта и тротоари-10 пријави.

Од овој општински сервис апелираат до граѓаните навремено да ги пријавуваат проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може општинските скужби веднаш да интервенираат и да ги решаваат проблемите.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2018 17:24