Годинашново седмо издание на „Струмица опен фестивал“ вечерва продолжува со уличен баскет.

Според организаторите, по подолга пауза, уличниот баскет се враќа во Струмица, а еуфоричното спортско лето продолжува со тридневниот кошаркарски турнир и со заедничко дружење, забава и натпреварување.

Натпреварите ќе се одиграат на кошаркарското игралиште на СОУ „Јане Сандански“, а на турнирот може да учествуваат сите рекреативци и љубители на кошарката.

На турнирот ќе учествуваат 16 екипи, а за најуспешните се предвидени парични награди од 15 илјади денари за освоено прво место, 10 илјади за второ и пет илјади денари за трето место.

Синоќа во рамките на Warm up програмата, на отворено, на езерцето во Градскиот парк, имаше бесплатна проекција на македонскит филм, „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 12:10