Петмина заразени со морбили се веќе целосно оздравени, уште толку се уште се под надзор, а за тројца се чека потврда, изјави денеска раководителот на Центарот за јавно здравје во Дебар. Ментор Меља.

Посочи дека нема место за паника или каква било загриженост. Не станува збор за тешки случаи, потенцира, туку сите се со лесна клиничка слика.

Меља рече дека станува збор за лица на возраст над 30 години, сите од едно семејство. Првиот случај се појавил кога член од семејството за време на престојот во Албанија заболел од морбили, а веднаш потоа и неговите родители. Меѓу заразените од морбили нема деца.

Во подрачјето на Дебар и Центар Жупа морбилите се сметаа за искоренета болест, бидејќи последните случаи се регистрирани пред повеќе од две децении. Опфатеноста со вакцинација е околу 98 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 15:21