Територијалната против пожарна единица-Битола ќе добие нова опрема во која се вклучени 16 апарати за дишење во услови на чад и пожар и 42 комлети професионални пожарникарски комбинизони, ракавици и чизми за дејствување во услови на пожар.

Обновата на дел од опремата на пожарникарите е обезбедена од заеднички проект на против пожарните единици од Битола, Прилеп и Ресен, чија вредност изнесува 4,1 милиони денари.

Набавката на новата опрема ќе се изврши наскоро бидејќи Центарот за развој на пелаго нискиот регион потпиша договор за реализација на овој проект со Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 15:23