Владата денеска усвои информација за активностите за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок дотации за општините.
Владата го задолжила Министерството за локална самоуправа до крајот на годинава да достави предлог за редефинирање на начинот и утврдување на критериумиите за наменските и блок дотации за општините, информира владината прес-служба.
На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата ја разгледала и ја прифатила предлог - уредбата за методологијата за утврдување на критериумите за распределба на блок дотации за јавните установи за деца - градинки по општини за 2019-та година, соопшти владината прес-служба.