Со проекција на хрватскиот филм, „Осмиот комесар” на која ќе присуствува и режисерот Иван Салај, вечерва на плажата „Оревче“ на брегот на Охридското Езеро ќе биде отворено првото издание на „Бич филм-фестивал“.

Како што предвидува натпреварувачкиот дел на фестивалот програма, во текот на четирите фестивалски вечери ќе бидат прикакажани филмски остварувања на режисери од повеќе држави од Европа и пошироко, а манифестацијата предвидува и ревијален дел со проекција на интересни филмови. Посебна атракција за посетителите ќе биде проекцијата на филмот „Холидеј” на бродот „Галеб” што за време на прикажувањето ќе плови на релација Охрид - плажа „Оревче“.

Предвидено е после секоја проекција на филмовите да следат интересни содржини со настапи на македонски и меѓународни изведувачи како „RIB“, „Cyrillic“, „Palindrom“, DJ Klara Vedis, Sajsi MC, „Foltin“...

Во рамки на „Бич филм-фестивал” предвидени се и дневни активности, со работилници за актерска игра за средношколци, за документарен филм на која студентите ќе можат да научат повеќе за основите во создавањето на документарен филм, продукција, режија, работилница за актерска игра за деца од 11до 14 години.

За сите заинтересирани посетители на „Beach Film Festival” организаторот има обезбедено бесплатен превоз од Охрид за секој ден од фестивалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 14:22