Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола е најновиот член на Универзитетската Франкофонска агенција - АУФ.

Од УКЛО-Битола информираат дека одлуката ја донел управниот одбор на Универзитетската Франкофонска агенција, со што македонскиот универзитет стана член на АУФ.

- Со ова меѓународно членство, УКЛО-Битола во иднина ќе има пристап до светската мрежа на универзитети членки на АУФ, потоа до високообразовни и научно-истражувачки установи и франкофонски истражувачи, а ќе може да учествува и во проекти на АУФ. Исто така, студентите, академскиот и истражувачкиот кадар ќе имаат можност да учествуваат на различните повици и конкурси организирани од АУФ, соопштуваат од УКЛО-Битола.

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, освен членства во агенции, остварува билатерална меѓународна соработка со 62 универзитети, од нив 58 се од држави во Европа, три универзитети се од САД и еден универзитет од Австралија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 11:30