„Да ги заштитиме шумите од пожари“, е мотото на превентивната акција, која денеска беше реализирана од страна на кавадаречката полиција. Инспекторот за превенција, Димитар Каракулев појасни дека организирањето на ваквата активност, всушност беше еден од заклучоците и предлог мерките донесени на советодавната средба одржана во мај годинава.
- Иако досега во овој летен период временските услови се поволни и се во прилог на заштитата на шумите од пожари, сепак во корист се и ваквите превентивни акции на терен и предупредување и укажување на граѓаните, како да се однесуваат кога се во шумските предели, кога палат оган на отворен простор, или кога ќе забележат шумски пожари, нагласи Каракулев.
Во овие активности беа вклучени и студенти од Факултетот за безбедност- Скопје, кои изведуваат практична настава во Полициска станица од општа надлежност Кавадарци.