Силното невреме што денеска го зафати Прилеп проследено со пороен дожд и град им направи огромни штети на земјоделските култури.

Според првичните процени на општинските комисии, зафатени се над 300 хектари главно во атарите на Мало и Големо Коњари, месноста „Орде Чопела“ и атарот на населабта Варош. Сто отсто се уништени површините со тутун, пиперкии и житни култури.

Комисиите ги повикаа земјоделците од утре да почнат да ги пријавуават штетите. И во текот на утрешниот ден комисиите ќе излезат на терен иако денеска првично беа во атарите на погодените реони.

Земјоделците велат дека вакво невреме не паметат последните 25 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 15:56