Корисниците од булевар „Кузман Јосифиовски Питу“ бр.22 и бр.24, и од улицата „Симеон Кавракиров“ од број 1 заклучно со број 9 во општина Аеродром утре од 8:30 до 11:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:45 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Мајка Тереза“, „Васил Ѓоргов“, „Бел Камен“, „Козара“ и „Шарски Одреди“, како и објектот на МЖ лоциран на улицата „Васил Ѓоргов“ во општина Центар.

Во периодот од 12:15 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од улиците „Волче Наумчевски“ и „Волковска“, како и објектите на бензинската пумпа, Технички преглед и Кам Маркет во Новоселски Пат, општина Ѓорче Петров, а од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата „Славка Динкова“ и тоа непарни броеви од број 37 до број 59 во општина Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2018 01:07