Карванот во рамки на кампањата „На секое дете му треба семејство“ денеска беше во Тетово, каде на градскиот плоштад граѓаните се информираа за условите за згрижување дете. Во Центарот за социјална работа Тетово има роднински згрижувања, а пет деца од градот се згрижени низ други места во Македонија. Карваот денеска беше на тетовскиот плоштад. Целта на проектот е да се зголеми поддршката за згрижување и наместо децата да се систематизираат во големи социјални центри, да можат да ја почувствуваат семејната топлина. Директорката на Центарот за социјална работа Тетово, Нада Блажеска, вели дека секој кој сака да биде згрижувачко семејство првично треба да покаже интерес, да понуди грижа и љубов на конкретното дете. Проектот се реализира со помош на Организацијата на Обединети Нации, УНИЦЕФ. Целта на оваа кампања е преку деинституционализација, до 2020 година сите деца на возраст од 0 до 3 години да се извлечат од институциите и да се сместат во мали групни домови, згрижувачки семејства и други форми на соодветно сместување. Според едно истражување спроведено во 33 европски држави, вдомувањето на децата во згрижувачки семејства е неколкупати поефтино во споредба со сместување во соодветни институции, а ефектите се многу поголеми зошто децата растат во здрави семејни услови.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2018 16:16