Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јули се бележи денеска на Вардар, кај Јегуновце, кај Зајчев рид во Скопје, кај Велес и кај Демир Капија, како и на Пчиња кај Катлановска Бања.
Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека намалени водостои има на Црни Дрим кај Ложани, на Треска кај Македонски Брод и на Крива Река кај Крива Паланка.
Водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро, според денешните мерења, се во рамки на просекот.