Поради изведување градежни активности за обнова на постоечките простории, амбулантите и шалтерот на ЈЗУ УК за хематологија времено ќе бидат преместени.

Од 1 август 2018 натаму амбулантите и шалтерот на Клиниката за хематологија ќе работат во амбулантскиот дел на Клиниката за дерматологија во рамките на Интерната зграда, поточно на поранешниот „Машки оддел“.

Сите контакти, телефонски броеви и електронски адреси остануваат непроменети. По завршувањето на градежните работи, пациентите навремено ќе бидат известени за повторното ставање во употреба на постојните просторни капацитети, информираат од ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 11:18