Натпреварот за Суперкупот на УЕФА во 2019 година ќе се одржи во Истанбул, Турција на стадионот на Бешикташ „Водафон Арена“, објави Европската фудбалска федерација на својата веб-страница.

Во 2020 година домаќин на Супер купот ќе биде португалскиот град Порто.

Натпреварот за УЕФА Супер Купот 2018 се одигра синоќа во Талин, Естонија и заврши со победа на Атлетико Мадрид над Реал Мадрид со 4:2.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 12:24