Управата на шпанската фудбалска лига планира неколку првенствени натпревари да се одиграат во САД, освен големото дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Според соопштението, лигата планира натпревари во САД како дел од 15-годишното партнерство со групата Релевент, со цел да се промовира фудбалот во Северна Америка.

Не се дадени повеќе детали, освен дека се уште се договора за организацијата и термините, а оваа сезона можно е да се одигра барем еден натпревар во САД.

Хавиер Тебас, претседател на лигата, ја негираше можноста „ел-класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона, да се одигра надвор од Шпанија.

Групата "Релевант" е организатор на најголемиот претсезонски турнир, Меѓународниот куп на шампиони, каде Барселона и Реал минатата година играа во Мајами.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 17:58