Германскиот министер за Европа Михаел Рот им порача на „пријателите во Косово и Србија“ дека прекројувањето на границите не е решение и дека иднината на Западен Балкан е мултиетничка.

„Драги пријатели во Косово и Србија, прекројувањето на границите нема да реши ниту еден проблем. Таков потег би ја отворил Пандорината кутија на взаемни обвинувања по етничка линија. Иднината на Западен Балкан е мултиетничка, мултирелигиска и мултикултурна. Обединети во различноста, тоа е Европа“, напиша Рот на Твитер.

Германија во повеќе наврати изрази скептицизам кога станува збор за размена на територии.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 20:45