photo]
Лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Љуљзим Баша, најави максимална ангажираност на опозицијата со цел „ослободување на земјата од криминалот“.
По синоќешната седница што опозициските парламентарни партии ја одржаа во северниот град Скадар, Баша денеска преку социјалните мрежи, рече дека Демократската партија и опозицијата ќе продолжат да бидат на страната на граѓаните во соочувањето со криминалните банди во Скадар, Елбасан, Драч, Валона и насекаде каде што тие се.
- Заедно ќе ја ослободиме власта и земјата од криминалот. Без компромис, напиша Баша.
Обединетата опозиција ја бојкотираше првата седница на парламентот по летните одмори, што се одржа вчера попладне и синоќа одржа, како што ја нарече, вонредна седница во Скадар,поради зачестениот криминал и мафијашките убиства во овој град.
На седницата упатени се тешки обвинувања до актуелната влада на премиерот Еди Рама, која, како што рекоа опозиционерите, „ја зафатил криминалот“, дека албанските граѓани живеат во страв, посебно во Скадар каде во последните три месеци се случиле шест мафијашки убиства, има две исчезнати лица а две деца откако е платен откуп се ослободени.