Поморската федерација на Грција одлучи да го прекине штрајкот откако со компаниите успеа да постигне решение за колективните договори, јави дописничката на МИА од Атина.

Се очекува бродовите да започнат да сообраќаат од и кон грчките острови.

Како што претходно објави МИА, штрајкот што започна вчера наутро, создаде проблеми за илјадници туристи кои за да го поминат летниот одмор одбрале да посетат некој грчки остров користејќи го бродскиот сообраќај, сега не можат да се вратат.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 12:50