Албанската опозициска Демократска партија го унифицира својот став со косовската опозиција, изјаснувајќи се против проектот Тачи-Вучиќ за корекција на „територијалните граници на Република Косово“.
Во правец на конкретизирање на ставот, Демократската партија подготвува резолуција за поддршка на политичките сили во Косово кои се против менување на границите.
- Во текстот на резолуцијата на Демократската партија ќе стои дека силно ја подржува унитарноста на Република Косово. Исто така со овој документ дека силно ги подржуваме реформите кои обезбедуваат членство на Косово во НАТО и ЕУ, потврдуваат од партијата.
И претходно демократите го изнесоа ставот дека се против идејата за менување на границите и размена на територии меѓу Косово и Србија.
Според нив Прешевската Долина не треба да се користи за „трговија меѓу двете земји“, а уште помалку да се чепкаат границите на Косово, меѓународно признати од 115 држави.
И официјална Тирана е против менување на границите,што шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, лично им го пренесе на претставниците на политичките партии на Албанците од Прешевската Долина.
На неодамнешната средба во Тирана тој јасно ставил до знаење дека Албанија не ја поддржува идејата за промена на границите или размена на територии меѓу Косово и Србија и оти и во иднина ја гледа Долината како дел од територијата на Србија.