Претседателот на Њујорк Никс, Стив Милс изјави дека клубот нема да направи ништо што, би и наштетило на иднината на ѕвездата на тимот, Кристапс Порзингис, дури и ако тоа значи тој да ја пропушти целата наредна сезона.

Летонското крило на Никс скина лигаменти за време на натпреварот со Милвоки во февруари, а оптимистичките прогнози беа дека евентуално ќе се врати на теренот кон средината на новата сезона.

- Кристапс е во Њујорк. Ќе помине некои медицински прегледи оваа недела и ќе зборуваме што ќе се случи, за да ја донесеме најдобрата и вистинска одлука. Тој е иднината на овој тим, така што нема да ризикуваме или да брзаме, изјави Милс.

Леоноецот, висок 221 сантиметри, одигра 48 натпревари за Никс во сезоната 2017/2018, а во нив импресионира со просечни 22,7 поени, 6,6 скока, 2,4 блока и 1,2 асистенции по натпревар и со 39,5 отсто успешност при шут од тројка.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 18:05