Реал Мадрид отсекогаш бил познат по својата желба да бележи голови, да игра напаѓачки и да доминира над противникот.

Во последните 10 дена сепак „белите“ ја доживуваат својата прва голема криза од почетокот на сезоната, запишувајќи два пораза - 0:3 од Севиља во Ла Лига и 0:1 од ЦСКА Москва во Лигата на шампионите, како и едно реми - 0:0 со Атлетико Мадрид во шампионатот. Оваа „сува“ серија без гол ги загрижува фановите на 13-кратниот европски клупски шампион ширум светот.

Реал нема погодоци пет часа и 19 минути (319 минути), а ова е една од најдолгите серии во историјата на клубот без постигнат гол.

Ова се најдолгите серии без гол за Реал во нивната историја:

Сезона 1984/1985: 496 минути (8 часа 26 минути)

Најдолгата серија на Реал Мадрид е во средината на 1980-тите - 1984/1985. Во тимот, предводен од Шпанецот Луис Моловини, се забележуваат имињата на Сантилијана, Емилио Бутрагењо, Санчиз и Валдано, а допрва се раѓа легендарната „петорка на Бутре“. Серијата од пет натпревари без постигнат гол заврши во полуфиналето во Купот на УЕФА против Интер, кога Реал го губи првиот натпревар со 2:0, но го освојува реваншот со 3:0 и се пласираше во финалето со два гола на Сантилијана и еден на Мичел. „Белите“ го освојуваат Купот по триумф над Видеотон по два натпревари и вкупен резултат од 3:1.

Сезона 2005/2006: 409 минути

Оваа серија е направена во сезоната 2005/2006, кога Реал трпи тренерска рокада, кога Лопез Каро го заменува Бразилецот Вандерлеј Луксембурго. Реал забележува три реми без голови против Валенсија, Бетис и Арсенал во Лондон за КЕШ. Тоа се мечови во кои „Галактикос“, составен од Роналдо, Робињо, Баптиста, Зидан и Раул, не успева да ја затресе мрежата на противникот.

Сезона 1975/1976: 390 минути

Третата најдолга серија без гол е во сезоната 1975/1976 година. Тренер тогаш е Милан Миљаниќ, а најдолгиот период без голови му овозможува на Баерн Минхен да го елиминира Реал во полуфиналето на КЕШ.

Сезона 1981/1982: 387 минути

Серијата е од 1981/1982 година. Тренер е Вујадин Бошков, а Реал не успеа да постигне гол во цели 5 последователни натпревари - два во шампионатот, два во Кралскиот Куп и еден во Купот на УЕФА. Сушата ги чинеше титулата во Ла Лига, како и учеството на тимот во Европа. Во тимот настапуваат фудбалери како Карлос, Алонсо Гонзалес - Сантилијана, Хуанита и Ули Штилике.

Сезона 1983/1984: 374 минути

Серија без гол повторно од 80-тите - 1983/1984 година. Серијата е прекината од Емилио Бутрагењо во натпревар против Кадиз. Реал на Ди Стефано е втор и не успева да постигне гол во дуелите против Валенсија, Реал Сосиедад и Барселона Б во реваншот за Кралскиот Куп, кој е изгубен со 0:2.

Сезона 2002/2003: 363 минути

Серијата е од сезоната 2002/2003 година. Предводени од Висенте Дел Боске, „белите“ страдаат од гол суша во два натпревари од Лигата - против Реал Сосиедад и Барселона, и во двата случаја резултатот е 0:0, како и пораз од Милан. Напаѓачи во тимот се Фернандо Мориентес и Раул Гонзалес Бланко.

Сезона 2006/2007: 325 минути

Последната најдолга серија на тимот без гол е под раководство на Фабио Капело од сезоната 2006/2007 година - пораз од Рекреативо со 0:3, пораз од Депортиво Ла Коруња 0:2 и 0:0 против Бетис за Купот. Нападот е предводен од Руд ван Нистелрој, Хозе Антонио Рејес, Раул, Робињо и Антонио Касано.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 13:43