Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско заздравува од операцијата на слепото црево, а според шпанските медиуми ќе биде подготвен да игра на популарното „Ел класико“ против Барселона.

Иско пред две седмици беше опериран, а во меѓувреме ги пропушти натпреварите со Севиља и двомечот со ЦСКА.

- Ми ги отстранија конците и со нетрпение чекам повторно да играм, соопшти Иско.

Натпреварот против Барселона е закажан на 28 октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 17:37