ЕХФ ги соопшти рејтинзите за клубовите по една третина од групната фаза во Лигата на шампионите, а Вардар поради одличната игра се наоѓа на четвртата позиција меѓу десетте најдобри.

Во анализата на европската ракометна куќа се наведува дека Вардар импресионира со играта, а тренерот Роберто Парондо пронашол вистински баланс при повторната изградба на тимот, користејќи ги играчите од старата екипа плус неколку важни засилувања.

На првото место се наоѓа Барселона, а пред Вардар се уште и ПСЖ и Пик Сегед. Зад македонскиот првак се позиционира Кјелце, а меѓу најдобрите десет екипи се наоѓаат уште и Рајн-Некар Левен, Веспрем, Нант, Скјерн и Силкеборг.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2018 23:11