Во фантастична атмосфера во битолската сала „Боро Чурлевски“ вечерва Македонија без проблеми ја совлада Турција со четири гола разлика во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2020 година што ќе се одржи во Австрија, Норвешка и Шведска.

Во преполната сала „Боро Чурлевски“ во Битола, избраниците на Раул Гонзалес немаа поголеми проблеми, водеа и со 8 гола разлика во второто полувреме, но имаа и падови во играта, нешто на кое ќе треба да се работи во следните неколку дена.

Капитенот Кире Лазаров беше прв стрелец за „црвено-жолтите“ со девет гола, шест постигна Манасков. Кај Турција најпрецизен беше Бичер со 6 голови сите од контра.

Сепак, покрај резултатот голем впечаток остави и публиката во преполната сала која неуморна ја бодреше Македонската репрезентација во текот на целиот натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 23:28