Раководството на Барселона планира да го привлече српскиот дефанзивец и играч на Зенит, Бранислав Ивановиќ, тврди електронското издание „Гол“, повикувајќи се на својот дописник, задолжен за каталонскиот гигант. Шампионите на Шпанија бараат привремено решение за проблемите во одбраната, па сметаат дека Ивановиќ ќе биде соодветна опција.

Барселона имаат проблеми во одбраната. Францускиот дефанзивец Самуел Умтити е со повреда на коленото, а се уште не е јасно колку време ќе отсуствува од фудбалските терени и дали ќе биде подготвен за натпреварите во новата година.

Шпанскиот гигант има намера во текот на летото да го привлече дефанзивецот на Ајакс, Матијс де Лихт, но до тогаш е потребно друго решение, а „црвено-сините“ се фокусирале токму на поранешниот играч на Челзи. Престојот на Ивановиќ се очекува да биде до крајот на сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 20:03